Турчин со фалсификуван бугарски пасош фатен на Табановце

106

На Граничниот премин Табановце за излез од Р.С.Македонија денеска, 10 минути по полноќ, при извршена пасошка контрола на Ј.A.(36)  државјанин на Р.Бугарија било констатирано дека во патната исправа имал вметнато биометриската страна која отстапувала од оригиналот. Со него бил извршен разговор и кажал дека се вика B.O.(36) државјанин на Р.Турција. Патната исправа била одземена, а B.O. бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...