Турчин свирепо ја убил својата ќерка, па ја закопал во шумата (ФОТО)

3758
ФОТО: Принтскрин / Фејсбук / Курир.рс

Турчинот Хасан Услу е уапсен поради свирепото убиство на неговата ќерка Дидем, пренесува „Курир.рс“.

Мајсторот за ќебапи ја задавил Дидем, ја исечил на парчиња со еден од ножевите кои ги употребува на работа, па ја закопал во блиската шума.

Тој наводно ја убил по расправија, според неговите зборови таа ги навредила него и неговата сопруга.

Откако ја исечил на парчиња, деловите ги ставил во замрзнувач, за подоцна да ги однесе во шумата. Ладилникот го продал на продавница за половна опрема.

Страшното злосторство било откриено кога ја пронашле раката на Дидем, која била танчерка, завиткана во весник.

Полицијата со помош на куче ги пронашла и другите делови од телото, исечени прецизно.

Биле уапсени таткото, мајката, но и помалата сестра која брзо била ослободена.

Хасан го признал убиството.

ФОТО: Принтскрин / Фејсбук / Курир.рс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...