Турчинка шверцувала злато од Истанбул

138

Скопското обвинителство донесе наредба за спроведување на истрага против 27-годишна Турчинка поради криумчарење злато во вредност од 180.500 евра, соопшти Обвинителството.

– Осомничената на 18 декември, околу 20 часот на аеродромот во Скопје, избегнувајќи ја царинската контрола пренела непријавена стока-накит од бело злато и тоа дваесет и едно парче накит со вкупна тежина од 380.50 грама кои имаат вредност од 11.106.000,00 денари. Таа откако пристигнала со лет од Истанбул, се упатила кон излезот на преминот каде поминуваат патници кои немаат стока за пријавување. По што, при селекција од страна на царинскиот службеник и преглед на личниот багаж била пронајдена непријавената стока, стои во соопштението.

Јавниот обвинител кој постапува во предметот ценел дека се исполнети законските основи, па достави предлог за определување на мерката притвор за осомничената. Предлогот бил прифатен од Основниот суд Скопје 1 Скопје и со Решение е определен притвор против осомничената во времетрење од триесет дена.​

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...