Турција ја одржува најголемата поморска вежба во својата историја, со над 100 бродови на сите три мориња, што ја опкружуваат земјата, јави Анадолија.
Четиридневната вежба, наречена „Сина татковина 2019“, започна денеска со учество на 103 бродови на Воената морнарицата во водите на Црното, Егејското и Средоземното Море.
Во вежбата се ангажирани 13 фрегати, шест корвети, 16 јуришни бродови, седум подморници, седум деминери, 14 патролни бродови, како и други видови воени пловила.
Вежбата беше планирана од пред шест месеци во согласност со правилата и регулативите на НАТО, а е координирана од Командниот поморски воен центар и ќе трае до 2 март.
ФОТО: МИА