Турција од денеска ја укинува забраната за Википедија

72
ФОТО: EPA / ERDEM SAHIN

По пресудата на турскиот Уставен суд, од денеска треба да се укине забраната за користење Википедија во оваа земја. Судот пред извесно време одлучи дека блокадата на интернетската енциклопедија во Турција, која, патем, трае веќе две години, претставува кршење на слободата на изразување.

Пресудата на Уставниот суд, објавена во Службен весник, го отвора патот за укинување на забраната воведена во април 2017 година, поради напис во Википедија со кој Турција се поврзуваше со терористички организации.

Пристапот до страниците на Википедија ќе биде овозможен откако пресудата, што беше донесена со десет гласа „за“ и шест „против“ на уставните судии, и официјално и биде проследена на Агенцијата за надзор врз телекомуникациите.

Укинувањето на забраната од Уставниот суд го побара Фондацијата Википедија, непрофитната организација која оддржува страници со онлајн енциклопедии.

ФОТО: EPA / ERDEM SAHIN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...