Турција: Одлуките на ЕУ нема да влијаат на Анкара

86

Одлуката на ЕУ да ги ограничи контактите и финансирањето на Анкара поради турското дупчење за пронаоѓање гас и нафта покрај брегот на Кипар, нема да влијае на нејзината одлучност да ги продолжи своите енергетски активности во регионот, соопшти денеска турското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се наведува дека тоа што ЕУ не ги споменува кипарските Турци во своите одлуки донесени вчера, на средбата на шефовите на дипломатии на Унијата, „ја покажува пристрасноста на ЕУ што се однесува до кипарското прашање“.

ЕУ не се согласува со турските активности за пронаоѓање извори на гас на Кипар.

Министрите за надворешни работи на ЕУ, меѓу другото, усвоија одлуки за прекин на преговорите за договорот за авиосообраќај и да се намалат кредитите за Турција од ЕИБ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...