Министрите за здравство на Турција и Куба, Фахретин Коџа и Хосе Анхел Портал, потпишаа протокол за формирање работна група за заедничко производство на вакцина и лекови против рак, како и за вакцини против инфекции.
Куба има големо искуство во онколошката област.
Делегацијата, во чиј состав е раководоителот и претставници на кубанскиот Институт за лекови БиоКубаФарм, пристигнува оваа недела во Акнара и ќе се сретне со претставници на турското Министерство за здравство.
Турскиот министер за здравство изјави дека целта на Турција е до 2023 година да ги произведува во земјата сите вакцини.