Турција го отвора патот за сиријските бегалци кон Европа

222

Турција одлучи да не ги спречува сириските бегалци да стигнат до Европа по копно и море, изјави висок претставник на турската власт  за Ројтерс во пресрет на очекуваното  пристигнување на бегалците од сириската област Идлиб каде што се раселени скоро еден милион бегалци.

На турската полиција, крајбрежната стража и граничните службеници за безбедност им е наредено да се повлечат, додаде турскиот официјален претставник.

Ваквата официјално се уште не потврдена одлука на Анкара уследи по нападот на сириската армија подржана од Русија врз турските трупи во Идлиб при што беа убиени 29 турски војници.

Претседателот Ердоган се закани дека ќе спроведе голема воена операција против силите на претседателот Асад, доколку тие не се повлечат од  позициите во близина на турските трупи во Идлиб во наредните два дена. Засега нема знаци дека тоа се случува. Турција веќе ја засили својата воена поддршка за бунтовничките борци што кои се во обид да ја повратат контролата врз  клучните градови што неодамна ги изгубија.

Зад овој конфликт се постои потенцијал за  уште поголема конфронтација. Турција и Русија поддржаа различни страни во Сирија, но успеаа да постигнат договор во Сочи во 2018 за формирање на зона за деескалација во близината на турско сириската граница.  Официјална Анкара сега смета дека овој договор не се почитува поради ангажманот на руската авијација во поддршка на сириската армија  и упати апел до НАТО како негова земја членка стравувајќи од директни напади на руските сили врз турските позиции во Сирија.

Турција е членка на НАТО, и со оваа нејзина постапка се отворија стравувања на Западот дека нападот врз Турција може да бара одговор од сојузниците во Европа и Северна Америка, драматично ескалирајќи ја веќе сложената војна во Сирија.

– Нападот против Турција е напад против НАТО – рече Омер Челик, портпарол на Партијата за правда и развој на претседателот  Ердоган.

– Очекуваме конкретни активности безбедносната зона – додаде тој.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...