Турција го бомбардира северен Ирак

361

Турски борбени авиони бомбардираа цели во северен Ирак, соопшти Министерството за одбрана во Анкара.

Во воздушните напади се уништени бази и складишта што ги користеле борци на Курдската работничка партија ПКК во регионот на Хакурк.

Конфликтот со Курдите трае повеќе од 30 години и во него досега загинаа околу 40.000 луѓе, вклучувајќи и жени и деца.

Според Анкара, ПКК е терористичка организација. Таа е вклучена и на листите на терористички организации во САД и повеќе земји членки на ЕУ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...