Би сакала да апелирам со сите вас и до јавноста, дојдете сите заедно, нашите деца да ги запишеме во училиштата на фондацијата „Мариф“. Доколку ние како родители не сакаме нашите деца во иднина да станат терористи, треба да ги упатиме во училиштата на „Маариф“, бидејќи установите со името „Јахја Кемал“ во никој случај не нѐ претставуваат нас.
Ова го истакна амбасадорката на Турција во Македонија Тилин Еркал Кара, пред присутните на отворање на училиштето „Мариф“ во Тетово.
За изјавата на Кара, Министерството за образование не сакаше да коментира, но тие објавија дека „Мариф“ не е училиште и не работи според законските одредби. За „Јахја Кемал“ и сите други училишта, од МОН за Порталб.мк велат дека ако работат согласно законот, ќе работат непречено.