Турист платил 130 евра за чистење на ушите на грчкиот остров Родос. Како што објави телевизијата „Скај“, тоа е нов случај на „пројава на богатење во грчко туристичко место“.
Имено, 78-годишниот Грк со финско државјанство, побарал медицинска помош поради чувствителноста на неговите уши на морска вода.
Откако лекарот му ги исчистил ушите за помалку од 15 минути, сметката изнесувала 130 евра.