Туристички бран ама на граничните премини се чека 15 минути

Најмногубројни се туристи од Македонија од Србија кои заминуваат на одмор во Грција.

181

На нашиот најфреквентен граничен премин „Богородица“ во моментот за излез и влез во државата се чека најмногу петнаесетина минути, информираат за МИА од дежурната гранична служба.

– Тоа е времето потребно за објавување на граничните и царинските формалности, а задржувањето не било поголемо ниту утрово, во времето од 7.30 до 9 часот кога се направила најголемата гужва денеска- појасни командирот Миле Тошев.

Најмногубројни се туристи од Македонија од Србија кои заминуваат на одмор во Грција.

Во текот на летниот период ваквата слика на границата велат е вообичаена и секојдневна, па дури се смета и за сосема нормална кога е во прашање ек на туристичка сезона.

Од АМСМ предупредуваат на внимателно возење поради зголемената фреквенција на патиштата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...