Туристите во Хрватска купуваат магарешки измет за 5 евра

Сопственикот на продавницата, Себастијан Јагиќ, на туристите како сувенир им продава - измет од магаре.

1904

Туристите кои го посетуваат местото Телашчица на островот Дуги оток на хрватското приморје, може за сувенир да си купат магарешки измет. Сопственикот на продавницата на туристите како сувенир им продава – измет од магаре.

– Тоа е измет од магарe и како сувенир оди одлично. Го нарековме „Lucky Donkey Shit“, тоа е среќен измет и затоа домашните и странските туристи со задоволство го купуваат. Нам не ни е толку лесно, околу тоа има многу работа. Кога магарето ќе изврши голема нужда, ние треба да пронајдеме само еден дел кој е по својот состав поинаков. За среќа, релативно брзо се препознава, бидејќи е преполн со трева и е сосема поинаков по својот состав. Кога ќе го издвоиме, го ставаме во кутија и го продаваме – раскажал Себастијан Јагиќ, чиј татко Горан го покренал овој бизнис.

Цената на бизарниот сувенир е 40 куни, односно околу 5,5 евра.

– Луѓето дури и не прашуваат за цената. Ним им е важно да носи среќа и изметот од нашите магариња отпатува насекаде во Европа – рекол Себастијан Јагиќ.

FOTO: ZADARSKI.HR
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...