Тупурковски во „Само интервју“: Србите се закануваа со „крв до колена“ ! ВИДЕО

2059

На 9 јануари 1992 година, во Охрид, се одржал драматичен состанок на македонското со српското раководство, на кое била упатена закана со „крв до колена“ доколку не биде прифатена понудата за мини-федерација, без Словенија и Хрватска, сведочеше Васил Тупурковски, член на последното Претседателство на СФРЈ, во првиот дел од гостувањето во „Само Интервју“ што ќе се емитува премиерно во 18.30 на Канал 5 ТВ.

На состанокот од македонската страна, покрај него, присуствувале уште Киро Глигоров и Стојан Андов, а од српска делегацијата ја сочинувале претседателот Милошевиќ, членот на Претседателството на СФРЈ, Јовиќ, и министерот за надворешни Јовановиќ.

– Тој состанок беше закажан во 11 ч., во 13 требаше да заврши со ручек. Дојдоа Србите на време, го отвори состанокот, на мое мало изненадување, Јовиќ. Тој прв говореше, рече дека „ќе биде крв до колена“ ако не се формира таа федерација, мини-федерација, дека заслужува големо внимание во сите средини, па и во Македонија. Тие очекуваа ние да прифатиме за да нема таква драматична разврска – вели Тупурковски во „Само интервју“.

Во првиот дел од интервјуто, кое ќе се емитува вечерва во 18.30 ч. на Канал 5 ТВ тој одговора зошто долг период е отсутен од јавноста, за судењето за „тајванските кредити“, и распадот на Југославија. Во вториот дел, кој ќе се емитува во недела во 20 часот, теми се независноста на Македонија, предлозите  за решавање на спорот за името во 92 година и Преспанскиот договор, односите со Глигоров, проектот Тајван, подемот и падот на ДА.

Извадок од вечерашното интервју:

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...