Тунтев: Интерпелацијата е големо разочарување

371

Ова ли е враќање на голема врата? Ова е само оправдување да се вратите во Собранието. По четири месеци да дојдеа други пратеници ќе ми беше логично вакво образложение за интерпелација, но вие сте истите кои пред три години слушнаа како владеела нивната влада, рече координаторот на СДСМ Томислав Тунтев по образложението на опозицијата за барањето за доверба на Владата.

– Оваа интерпелација е големо разочарување, очекував наместо за доверба на Влада да дискутираме за реформите кои се спроведуваат – рече Тунтев.

Според него, образложението од ВМРО-ДПМНЕ изобилува со паушални и невистинити констатации, не е поткрепена со објективни и мерливи критериуми и не постои критика за министрите од ДУИ, туку само за министрите од СДСМ.

– За десет дена од денеска ние очекуваме и не само што очекуваме туку ќе добиеме позитивен, безусловен, извештај од Европската комисија, истакна Тунтев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...