Активистката против климатски промени, тинејџерката Грета Тунберг, ги обвини денеска политичките и бизнис лидерите дека сакаат себеси да се претстават во подобро светло, а не преземаат агресивни акции во борбата против климатските промени.
– Уште верувам дека најголема опасност е да не се работи ништо. Вистинска опасност е кога политичарите и директорите предлагаат како да се работи нешто, а всушност не се работи ништо освен паметно сметководство и креативен ПР, изјави таа на самитот на ОН во Мадрид.
Тунберг истакна дека многу ветувања за балансирање на емисии на штетни гасови со ефект на стаклена градина не го вклучуваат влијанието на бродоградителството, воздухопловството и меѓународната трговија и повика на побрзо дејствување.