Девојките масовно одат „под нож“ за да имаат ѓаволски усни! Овој тренд предизвикува страшен проблем

1036

Нов опасен тренд владее на социјалните мрежи, а сè поголем е бројот на жените кои се обиделе со филери да го достигнат ефектот на „ѓаволски усни“. Името на овој тренд е во склад со она што го означува, а во прашање се усни кои се толку деформирани така што изгледаат застрашувачки и морничаво.

На прв поглед, овој тренд ќе го оцениме како бизарен и непотребен, но и многу опасен!

Ова не само што ги прави усните пополнети, тие целосно ја губат својата природна форма. Девојките го прават ова со шминка, некои со фотошоп, а некои навистина одат „под нож“ за да ги добијат овие усни.

– Не можете на ваков начин да го менувате природниот, анатомски облик на усните. Несоодветното вбризгување на филери може да заврши во крвните садови па дури и да доведе до некроза (изумирање) на ткивата – предупредуваат дерматолозите.

ФОТО: Инстаграм/Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...