Тужба против Дрејк и Јунес Бенџима поради напад во ноќен клуб

104
ФОТО: E! News

Тужба против Дрејк, Јунес Бенџима и Одел Бекам помладиот поднел човек кој тврдел оти тие организирале физички напад врз него пред ноќен клуб во Лос Анџелес во март 2018 година, пренесува „E! News“.

Според „ТМЗ“, Бенет Сипес рекол дека отишол да ја види својата девојка, која наводно разговарала со Дрејк, Бенџима и Бекам во ВИП делот од ноќниот клуб. Избувнала расправија помеѓу обвинетите и Сипес.

Нападнатиот тврдел оти го забележал како Дрејк му дава знак на неговото обезбедување ставајќи ја раката кај грлото, коj тој го разбрал како „некоја физичка закана кон него“.

Кога тој се обидел да влезе во тоалетот, Бенџима и придружбата на Дрејк и Бекам почнале да го удираат по лицето и телото. За време на ова, тој тврдел дека персоналот на ноќниот клуб не се обидел да ги спречи напаѓачите да престанат да го удираат.

Сипес сега барал отштета за да ги покрие медицинските трошоци, како и надоместоци за адвокатите.

– Им дадовме месеци на обвинетите да го решат ова без судски спор, но бидејќи тие не успеаја да преземат одговорност за своите постапки, немавме избор освен да поднесеме тужба и да бараме правда за нашиот клиент – изјавил адвокат на нападнатиот.

Во меѓувреме, извор близок до Дрејк ги негирал тврдењата дека тој е вмешан во овој инцидент.

– Дрејк беше во групата, но не нареди никого да претепаат. Го нема на видеото него како тепа некој – изјавил тој.

Камера го фатила бившиот на Кортни Кардашијан, Бенџима во раните утрински часови на 24 март кај споменатиот ноќен клуб.

На видеото, кое покажувало група упатена кон врата која води кон паркингот, Бенџима е идентификуван како човек кој удира вработен во клубот и го влече за косата. Сепак, тешко било да се види бидејќи тепачката продолжила но отворената врата ја блокирала камерата.

Група луѓе ја гледале тепачката, според камерата, а некои се приклучиле во тепачката. „ТМЗ“ ги идентификува двајца во групата кои гледаат како Дрејк и Бекам.

ФОТО: E! News

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...