Во близина на село Сараќино, тетовско, вчера М.К. (65) од истото село пријавил дека во реката Вардар имало заглавено тело на машко лице.
„Полициски службеници извршиле увид на местото и констатирале дека се работи за лицето Г.Ш. (91) од село Стримница, кој на 17.05 бил пријавен за исчезнат. Лекар од судска медицина извршил преглед над телото и констатирал дека нема траги на насилство“, информираат од МВР.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството.