Трудо: Не знам колку пати се маскирав во црнец ФОТО ВИДЕО

660

Канадскиот премиер Џастин Трудо призна дека не може да се сети колку пати се маскирал во црнец, јавува BBC.

– Не би сакал да тврдам ништо со сто отстотна сигурност бедејќи се појавија фотографии од мои маскирања во младоста кои јас сосема сум ги заборавил – рекол Трудо на новинарите, коментирајќи го објавувањето на повеќе негови фотографии од младоста кога носел црна шминка.

Откако е објавена фотографија на која Трудо е маскиран во Аладин со обоено лице во црно, откриено е дека уште најмалку два пати се маскирал во црнец.

Трудо во средно школо пеел реге маскиран како црнец и со афроперика на главата.

По ова канадски портал објавил снимка на трет случај кога Трудо бил маскиран како црнец.

Станува збор за снимка, наводно снимена деведесетите кога Трудо бил во средно . На неа Трудо прави гримаси во камера, подигнувајќи ги рацете кои, како и лицето му се обоени во црно. И тука носи афроперика на главата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...