Тројца струмичани им се заканувале и на полицајци со остар предмет, па тие пукале во воздух

248

СВР Струмица поднесе кривична пријава против С.А.(35), С.Х.(21) и К.Х.(23), тројцата од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

На 08.01.2020 на ул.,,Бетовенова“ пријавените упатувале закани кон А.М., но по предупредување од страна на полициски службеници заминале и по кратко време се вратиле и со остар предмет упатувале закани кон полициските службеници и кон А.М.. Притоа, полициските службеници испукале еден куршум во воздух како предупредување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...