Против тројца скопјани МВР поднело кривични пријави и ги сомничи дека не платиле акциза. Скопјаните набавиле 317.75 килограми тутун со намера да го продаваат на Бит пазар во Скопје.
Кривична пријава е поднесена против Р.М.(34), В.М.(32) и С.Д.(28).
– Првопријавениот Р.М., од непознато лице набавил вкупно 317.75 килограми ситно сецкан тутун за пушење со намера да го продава на „Бит пазар“ во Скопје, при што избегнал и не платил акциза на која е обврзан со Закон за акцизите во вкупен износ од 428.962,50 денари и за истиот износ го оштетил буџетот на РС Македонија.
Р.М., заедно со В.М. и С.Д., на 6 март околу 19 часот го донеле тутунот во изнајмен магацински простор на улица „Албер Станик“, во близина на „Бит пазар“. Во моментот додека го внесувале тутунот во магацинот биле затекнати од Алфите. Од извршениот преглед на возилото, сопственост на првопријавениот, биле пронајдени 80 кутии фино сецкан тутун од по 850 грама, а при извршениот претрес во магацинскиот простор биле пронајдени уште 286 кутии од по 850 грама фино сецкан тутун и 19 пластични кеси од по 350 гр. фино сецкан тутун, соопшто МВР.
Пријавените завршиле во притвор, а тутунот и возилото биле одземени и врз основа на наредба од ОЈО Скопје биле предадени во Агенција за управување со одземен имот во Скопје.