Тројца пешаци се повредени во две сообраќајки вчера. Првата се случила на регионалниот пат Тетово – село Пирок, околу 17 часот, кога 45-годишен маж од Маа Речица со автомобил удрил во 73-годишниот пешак од Голема Решица.
По незгодата, пешакот бил пренесен во Клиничка болница Тетово и по укажана лекарска помош бил пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје.
Другата сообраќајка се случила во Прилеп околу 19.30 часот. 54-годишник од Прилеп со автомобил удрил во двајца пешаци на возраст од 75 и 72 години. Во незгодата жената се здобила со тешки телесни повреди по што пренесена е во Општа болница Прилеп.