Тројца обвинети за тешка кражба во Скопје

299

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје до Основниот кривичен суд – Скопје достави обвинителен предлог против три лица кои како соизвршители се обиделе да сторат кривично дело „тешка кражба“ во куќа на улица „Ферид Бајрам“ во Скопје.

„На 27 декември, обвинетите по претходен договор, провалиле во куќа на улицата „Ферид Бајрам“ и се обиделе противправно да присвојат туѓи подвижни предмети. Додека еден од обвинетите останал во автомобилот да внимава да не наиде некој, другите двајца насилно влегле во куќата и започнале да претураат и да бараат вредни предмети. Во тој момент ги забележал случаен минувач кој повикал полиција. Тројцата обвинети се дале во бегство, но биле фатени и лишени од слобода од страна на припадници на полициската единица за прв одговор и интервенција „Алфа““,  информираат од ОЈО.

Со оглед на тоа што и натаму постои опасност од бегство доколку обвинетите бидат пуштени да се бранат од слобода, надлежниот обвинител до Судот доставил предлог за продолжување на претходно определените мерки – притвор за двајца од обвинетите и куќен притвор за третиот обвинет.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...