Тројца новозаразени со морбили, вакциналните пунктови ќе работат викендов

229
EPA/SEBASTIEN NOGIER

На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, хоспитализирани се тројца пациенти со јасна клиничка слика на морбили. Станува збор за двајца возрасни пациенти од населбите Карпош и Чаир и едно дете од Чаир, а дополнително уште двајца пациенти со полесна клиничка слика на морбили биле амбулантски прегледани и пуштени на домашно лекување, информираа од Министерството за дравство.

Инаку, од прогласувањето на епидемијата на морбили до денеска вакцинирани се вкупно 2.925 деца, а само во текот на денешниот ден до 13 часот вакцинирани се 181 дете.

Во текот на викендот, посочуваат од Министерството, вакциналните пунктови ќе работат од 7.30 до 13 часот, а од понеделник пунктовите ќе продолжат да работат во две смени од 7.30 – 19 часот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...