Тројца мажи и две жени се жртвите кај Драчево, сите починале на лице место

1692

Возачот и четворицата патници од возилото „рено 5“ се загинатите лица во сообраќајната несреќа што е случи синоќа на булеварот „Борис Трајковски“ пред скопската населба Драчево.

Од МВР информираат дека сообраќајката се случила во 23.40 часот помеѓу товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од  М.Ј.(44) од Скопје и патничко возило „рено 5“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Л.(43) од Скопје.

Возачот Ј.П. и четворицата сопатници во возилото „рено“, С.Н., А.Т.(54) од Скопје, Е.Т.(37) од Скопје и И.А.(40) од Скопје починале на местото на несреќата.

Возачот на камионот М.Ј. се здобил со повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување.

Увид на местото извршил и јавен обвинител, а од обвинителството соопштија дека возачот од непознати причини преминал во спротивната лента.

– Според првичните сознанија од увидот, несреќата се случила петнаесетина минути пред полноќ, кога автомобил Рено 5 со скопски регистарски таблички во коj се превезувале жртвите, од непознати причини преминал на спротивната лента на коловозот и директно се судрил со камион за превоз на отпад. Од здобиените повреди починале сите патници во автомобилот, тројца мажи и две жени – велат од обвинителството.

По наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени за обдукција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...