Тројца каснати од куче вчера во Неготино, денеска уште еден случај

362

Тројца биле каснати од куче вчера во Неготино, денеска во Општата болница Кавадарци бил регистриран уште еден случај.

Оваа информација за Плусинфо ја потврди доктор Дано Кулев, специјалист хирург од хируршкото одделение при болницата.

– Сите тие се обратија за помош во нашата болница. Во денешниот случај станува збор за поголема рана од десет сантиметри во пределот на левата потколеница. Како што кажа човекот, бил нападнат од глутница кучиња. Му ја сошивме раната и му препишавме соодветна медицинска терапија – појасни докторот.

Портпаролот на СВР Велес, пак, Верољуб Додевски информираше дека вчера попладне 65 годишна неготинчанка пријавила во полиција дека била нападната од неколку кучиња скитници, при што била касната во пределот на нозете.

Општина Неготино има склучено договор со соодветна институција која има легална лиценца за соодветен хуман третман со кучињата скитници. Годишно се издвојуваат по триста илјади денари за таа намена.

Од локалната самоуправа се надеваат дека со поставувањето на микро чипови и законските измени ќе се придонесе кон решавање на овој проблем.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...