Тројца Грци во карантин во кинеската провинција Хубеј

Станува збор за еден Грк кој е постојан жител на Кина и за други двајца кои биле на службено патување. 

188
FOTO MIA

Тројца грчки државјани се наоѓаат во карантин во кинеската провинција Хубеј, на околу 330 километри од градот Вухан каде што се појави коронавирусот, а властите во Грција бараат начин колку е можно побргу да се вратат назад, објавија грчките медиуми.

Грчката новинска агенција АНА-МПА, повикувајќи се на дипломатски извори пишува дека тројцата Грци се во добра здравствена состојба и се во континуирана комуникација со амбасадата на Грција во Пекинг, а грчкото МНР е во координација со европските власти за нивно враќање, јави дописничката на МИА од Атина.

Според медиумите во Грција, станува збор за еден Грк кој е постојан жител на Кина и за други двајца кои биле на службено патување. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...