Утревечер во 21 часот тројцата кандидати за претседател ќе се обидат да ги убедат гласачите во завршното соочување на ТВ 21 зошто да гласаат токму за еден од нив на шестите Претседателски избори.
На снимањето на завршната дебата кое се одржа вечерва, сите тројца, Река, Силјановска Давкова и Пендаровски, изјавија дека одлично се чувствуваат.
Тие по пристигнувањето го испија и првото заедничко кафе, а за кого ќе има сиктер кафе од претседателската трка, ќе дознаеме в недела вечер и на 5. мај.
Дебатата почнува в петок, во 21 часот, на ТВ 21.