Уште 41 патник на јапонскиот крузер е заразен со Корона вирус, со што е вкупниот број заразени денеска е зголемен на 61 лице, а во меѓувреме продолжува тестирањето на останатите патници.
Крузерот „Дајмонд Принцес“ со 3.700 патници е ставен во карантин откако вплови во пристаништето Јокохама во понеделникот, откако беше откриен Корона вирус кај човек кој во јануари во Хонг Конг го напуштил тој брод.
Тестирани се 273 лица, од кои 61 се позитивни на Корона вирусот. Тестираните патници покажале симптоми или биле во близок контакт со луѓе кои ги развиле симптомите, соопшти јапонското Министерство за здравство.
Министерот за здравство Катсунобу Като на прес-конференција изјави дека меѓу 41 нови случаи на заразени, 21 биле од Јапонија.
Дополнителни тестови ќе бидат спроведени доколку другите патници почнат да покажуваат симптоми на болеста. Пациентите ќе бидат пренесени во болници во Токио и во соседните градови.