Тропски горештини до средината на наредната недела

135

Тропското време во земјава ќе потрае до средината на следната недела кога ќе има намалување на максималните температури за неколку степени.

Денеска, пак, во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Поради големата енергија во атмосферата можна е и изолирана појава на поинтензивни процеси во форма на невреме со град и силен ветер, информираат од Управата за хидрометеолошки работи (УХМР).

Утре во попладневните часови ќе биде врнежливо со грмежи, а локално ќе има услови за појава на поинтензивни процеси во форма на невреме. Потоа до вторник ќе преовладува претежно сончево и топло време.

Минималните температури утре ќе се движат од 11 до 20 степени, а максималните од 28 до 36 степени. Во Скопје и околината слично време со утринска температура до 18 степени, а дневна до 32 степени.

Во сабота минималните температури ќе се движат од 12 до 21 степен, а дневните од 29 до 37 степени, а во недела минималните температури ќе се движат од 12 до 20, а дневните од 30 до 38 степени. Во понеделник минималните температури ќе се движат од 13 до 22 степени, а дневните од 31 до 39 степени, додека во вторник минималните температури ќе се движат од 13 до 21 степен, а дневните од 31 до 38 степени. Пад од неколку степени ќе има в среда за кога се прогнозираат максимални 31 степен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...