Безбедноста во Општина Карпош, трките по бул. „Партизански одреди“, уништувањето на урбаната опрема и капацитетите на Полициската станица Карпош беа причина министерот за внарешни рабти, Оливер Спасовски, да го посети Карпош.
Спасовски се сретнал со градоначалникот на оваа општина, Стефан Богоев, а бил и на седница на локалниот совет за превенција.
„Градоначалникот Богоев го информираше министерот за зголеменото уништување на урбаната опрема на јавните површини (клупите и корпи за отпадоци) и за фактот што локалната самоуправа постојано испраќа пријави до Полициската станица Карпош и бара санкции за сторителите и почести патроли за превенирање на овие појави. Во изминатиот период, Општината донираше и возило за потребите на ПС Карпош, со цел да се зголеми мобилноста и присуството на терен на полициските службеници“, соопштија од Општината.
Спасовски, пак, рекол дека на територија на Градот Скопје наскоро ќе започнат да работат 350 нови полицајци, а мобилни ќе бидат и нови 12 нови полициски возила. Дополнително, посочил оти ќе зајакнат патролите на буллеварите „Партизански одреди“ и „Митрополит Теодосиј Гологанов“ со цел да се спречат трките долж булеварите.
– Новиот Закон за безбедност во патниот сообраќај, кој би требало да се донесе во текот на годината, предвидува трајно да се справиме со овој горлив проблем – рече министерот Спасовски.