Три теми сериозно ме вознемирија…

Тричко, никогаш во неговите непријатности не турнал никого од нас. Напротив. Тричко таа борба ја води на свој начин и сам, и токму затоа, не само според мене, е македонскиот херој и патриот кој на совршено искрен начин, во кругот на „сам са собом“, ја предизвикувал и соптсвената смрт, ги прифаќал сериозните закани кон неговото семејство, па да, најмалку за него.

1287

1. Владо Бучковски кандидат за амбасадор на Македонија во САД – Вашингтон, после, која, ми растреперија некои веќе закржлавени сензори под кожата кои ми ги креваа и најситните влакненца кога прецизно ја дефинирав државата, односно, нејзиното раководство, кое, пак, отсекогаш, од самиот почеток на таканаречениот плурализам, пред значајни работи за граѓаните и државата, се однесува како одврзан бик на широка зелена полјана, и тогаш кога сите веруваме, мислиме, размислуваме, дека сега не е време за глупости, па макар и шпекулации, дека доколку таквите се појават, веднаш, и без никакво одлагање треба да се демантираат или потврдат, а таа, државата, властите, молчат, и пуштаат невидена мантра на вистината или шпекулацијата со која највеќе го надразнува сопственото гласачко тело наместо да го стимулира и подготвува, не за совршен чин, туку за потег пред свршен чин за државата. Невидена глупост, во овој можеби, никогаш позначаен момент за Македонија…

2. Последниот ФБ статус на мкд новинарскиот “Монструм“, Бранко Тричковски. Ако го прочитав уште еднаш, ќе се претворев во птица со орелски крилја и ќе посакав да си прелетнам во некои мрачни места со густи м’гли каде сл’нцето не изгрева како и тука. Тричко е мојот новинарски херој, “монструмот“ на слободното новинарско “перце“, човекот кој намерно ги истопорува сопствените гради пред плиткоумната државна војска на неговите, не непријатели, туку, прецизно дефинирани ѕверови, еретици, арамии, волци, аждери, пљачкаши, идиоти и убијци, прекриени под плаштот на македонизмот, односно вмроизмот. И ги провоцираше. И отворено ги предизвикуваше. И ги убиваше во сон, и ги навредуваше, и ги повторуваше дефинициите во сиот раскош на неговата нарација и секој пат исто, ама ептен различно и убиствено точно ги разоткриваше. И отворено им пркосеше. Многу малку знаевме за тоа со што тој се соочувал секојдневно и со години наназад. Многу малку од нас воопшто знаеле дека тој, Тричко, „арен“ или „неарен“, „токму“ или „нетокму“, „ајван“ или „будала“, води сопствена борба во која ниту еден од нас, неговите подржувачи, читатели и отворени симпатизери, навивачи, аплаудирачи, некогаш се соочувале со вакви работи, со кои, тврдам, дека ретко кој би ги издржал, и би продолжил со уште пожестоко темпо понатаму. Ова е прв пат, и во вистински момент, и кој знае со колку тешки прсти го истипкал тој текст, за да не ни се претстави како жртва на режимот, затоа што тој, Тричко, никогаш во неговите непријатности не турнал никого од нас. Напротив. Тричко таа борба ја води на свој начин и сам, и токму затоа, не само според мене, е македонскиот херој и патриот кој на совршено искрен начин, во кругот на „сам са собом“, ја предизвикувал и соптсвената смрт, ги прифаќал сериозните закани кон неговото семејство, па да, најмалку за него. Тричко тоа го правел и го прави за мене, за тебе, за целото здраворазумно и слободомислечко мкд пучнаство, за Македонија. И тука, да се разбереме, нема никаков блеф, игра. Пазарење? Цк…

3. Смртта на мојата Милена Дравиќ. Мислам дека вистински се родив кога прв пат ја забележав на филмските платна, а потоа и на ТВ екраните. Детството, младоста, љубовта, семејството, до доцна во транзицијата, Милена беше секогаш дел од мојот живот. И затоа си ја викам моја. Веста за смртта на оваа мила, питома, симпатична, и неверојатно харизматична човекољубка, ем ме растревожи, ем ме растажи. Почивај во мир мила наша Милена…

Како и да е, овие три теми, сериозно ме вознемирија денес, а некои, ептен ме замислија… Тенкју…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...