Три силни земјотреси со интензитет од 6.6 според Рихтер регистрирани на брегот на Британска Колумбија во Канада

За сега нема податоци за евентуални жртви ниту за причинета материјална штета, а исто така не е објавено предупредување за појава на цунами.

537

Земјотреси со интензитет од 6.6, 6.8 и 6.5 степени според Рихтеровата скала денеска го погодија подрачјето на канадската провинција Британска Колумбија во рок од еден час, соопшти американскиот Геолошки институт.

За сега нема податоци за евентуални жртви ниту за причинета материјална штета, а исто така не е објавено предупредување за појава на цунами.

Епицентарот на земјотресите бил на длабочина од 33 километри, околу 190 километри југозападно од градот Порт Харди на островот Ванкувер.

ФОТО: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...