Номинацијата на премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас за Нобелова награда за мир за 2019 ја поддржааа лидерите на три партиски групи во Европскиот парламент, Удо Булман (Социјалисти и демократи), Ска Келер (Зелени/Европска слободна алијанса) и Габи Цимер (Европска обединета левица/Скандинавска зелена левица), ексклузивно дознава грчката новинска агенција АНА-МПА.
-Договорот од Преспа, потпишан од Грција и Македонија, става крај на долготраен спор и носи стабилност во регионот на Западен Балкан -стои во заедничката изјава на тројцата политичари.
Според нив Договорот е модел како треба да се решаваат меѓународни проблеми, а тоа е низ дијалог и заемен компромис.
– Заев и Ципрас покажаа политичка храброст да продолжат со договорот, и покрај спротивставувања од националисти. И затоа, ја поддржуваме номинацијата за Нобелова награда за Заев и Ципрас, што ја поднесе Видед Бушамауи од Тунис, добитничка на Нобеловата награда за мир во 2015, на 18 декември 2018 во Скопје – велат Булман, Келер и Цимер.
Видед Бушамауи од Тунис, добитничка на Нобеловата награда за мир во 2015, на 18 декември 2018 во Скопје ги номинира Заев и Ципрас за Нобеловата награда за мир за 2019 година.
– Почестена сум што ги номинирам Зоран Заев и Алексис Ципрас за Нибеловата награда за мир. Ова не е признание само за нив, туку за сите граѓани на Македонија и Грција. Договорот од Преспа е пример и порака за сите како со дијалог може да се реши се – рече Бушамауи на номинацијата.
Номинацијата беше објавена на ФОН Универзитетот, За значењето на Договорот од Преспа покрај Бушамауи на номинацијата говореа и членот на Европскиот парламент од грчката владејачка партија Сириза Стелиос Колуглу и деканот на ФОН Нано Ружин.