Килијан Мбапе нема да биде во составот на Пари Сен Жермен на следните три натпревари.
Напаѓачот е суспендиран поради црвениот картон добиен на натпреварот со Ним одигран минатиот викенд во рамките на 4.коло од Лига 1.
19-годишниот Мбапе ќе ги пропушти дуелите со Сент Етиен, Рен и Рем што ПСЖ ќе ги игра во периодот 14-26 септември.
Талентираниот фудбалер беше исклучен во последните минути на средбата со Ним поради неспортска реакција кон противнички играч, а потоа изјави дека повторно така би реагирал.
ФОТО: EPA-EFEGUILLAUME HORCAJUELO