Три мртви тела биле пронајдени на различни места

2567

Полицијата во текот на вчерашниот ден добила три пријави за пронајдени мртви тела во три одделни случаи.

Едниот случај е регистриран во Неготино, каде жена пријавила дека го пронашла нејзиниот сопруг (57) починат покрај отворен трансформатор во деловен круг во селото Тремник.

Во друг случај во Битола, син пријавил дека во селото Олевени во фаза на распаѓање бил пронајден неговиот 66-годишен татко.

Уште еден случај регистрирале полицајците во Кавадарци каде лекар пријавил оти на Тиквешното Езеро кај местото викано Голеш, од страна на семејството била пронајдена почината Н.Ш.(72).

Во сите три случаи, телата се дадени на обдукција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...