Три момчиња извршиле насилство врз цимерот во Кавадарци

492
Фото: МВР

Полициски службеници вчера привеле еден осумнаесетгодишник и двајца малолетници на возраст од 17 и 16 години, во присуство на нивните родители, поради основано сомнение дека на 13.11.2019 околу 22.00 часот извршиле насилство врз малолетник, кој бил нивни цимер. Оваа информација за МИА ја потврдија од МВР.

Случајот во Полициската станица Кавадарци вчера во 19.30 часот го пријавил таткото  на малолетникот.

Од Државниот инспекторат за образование рекоа за МИА дека и тие ќе го истражат случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...