Три месеци ќе патува возилото за Брза помош до Шуто Оризари

559
Амбулантата во Шуто Оризари за најмногу три месеци ќе добие болничка кола за брзи интервенции, му ветил министерот за здравство Венко Филипче на пратеникот од ПЦЕР Самка Ибраимовски.
Жителите на оваа општина се жалат дека се случувало додека дојде возило од градска или државна болница, болниот да почине.

Ибраимовски е задоволен од позитивниот одговор на министерот Филипче и очекува дента кога ќе се донесе возилото во Шуто Оризари заедно да отидат да го пречекаат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...