На Балканското првенство за сениори, кое се одржа во Чачак минатиот викенд, нашите каратисти освоија три бронзени медали, сите во борби. Давид Петков во категорија – 67 килограми, Драгана Манговска во – 50 и Ангела Мојсовска во – 68 килограми.
За разлика од претходните неколку години, ова натпреварување не беше критериумско и се одтржа во период на празникот Велигден, па најголем дел од нашите најдобри каратисти во борби и во кати овојпат не настапија на балканското првенство.