Три закони кои не ги потпиша Иванов поминаа во Собранието

619

Собранието денеска усвои три закони во трето читање што беа вратени во Парламентот зашто поранешниот претседател Ѓорге Иванов одби да ги потпише указите за нивно стапување во сила.

На седницата беа усвоени Законите за Судскиот совет на Република Северна Македонија, Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и Закон за инспекциски надзор.

Ова се дел од законите кои беа усвоиени во изминатиот период, но не стапија на сила поради непотпишувањето на указите од страна на Иванов, со образложение дека нема да потише ниту еден закон со новото име на земјата.

Собранието продолжи со работа со точки кои се останати на дневен ред на 94-та седница.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...