ОБНОВЕНО На КАРИЛ е потешко повреденото девојче од Чаир, две се на Детска хирургија

4025
Фото: МВР

Потешко повреденото девојче од сообраќајката во Чаир е хоспитализирано на КАРИЛ (Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување), а останатите две повредени девојчиња се примени на Клиниката за детска хирургија, дознава Плусинфо.

Како што веќе објавивме, трите малолетни девојчиња со повреди се пренесени во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, откако патничко возило утрово удрило во нив на улицата Христијан Тодоровски Карпош во скопски Чаир.

Возачот е обезбеден, потврдија од МВР, и се наоѓа во полициската станица во Центар. Станува збор за возач на такси возило.

– Сега се во тек снимањата на Радиологија, по што ќе може да дадеме информација за  какви повреди станува збор кај трите девојчиња – ни изјавија во Ургентниот центар.

Претходно, од МВР за МИА информираа дека во 10:58 часот е пријавено дека патничко моторно возило „пасат“ со скопски регистарски таблици удрило во трите малолетни девојчиња – пешаци.

 

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...