Три девојки тешко повредени кога автомобил излетал од патот

330

Автомобил „даеву матиз“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 22-годишник од Македонска Каменица излетал од патот меѓу Превалец и виничкото село Истибања, околу 2,30 часот по полноќ.

Како што информираат од МВР, во незгодата со тешки повреди се здобиле три сопатнички од Македонска Каменица – сите на возраст од 19 години, а четвртата сопатничка на возраст од 18 години била полесно повредена.

Тие биле пренесени во болницата во Кочани за укажување на лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од полициската станица во Виница.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...