Три амбасади во Скопје утре без вода

504

Поради санирање на дефект на затварач од Ф-400 мм, на ул. „Џон Кенеди“, бр.9 А во населба Чаир, утре ќе биде прекинато водоснабдувањето за корисниците од улиците „Џон Кенеди“ и „Самоилова“, како и на Американската, Турската и Амбасадата на Албанија во општина Чаир.

Како што соопшти РЦУК – Скопје по добиеното известување од „ЈП Водовод и Канализација“,  прекинот ќе трае од 08:30 часот до санирање на дефектот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...