Тричковски до сите што го критикуваа неговиот антисемитски статус: Пи*ка ви лепа материна глупантропска!

11478

Во својот веќе познат стил, со жесток говор на омраза и со сочни пцости, колумнистот на „Слободен печат“ Бранко Тричковски им одговори на луѓето кои го критикуваа неговиот статус на ФБ, кој гласеше: „Слушам дека Мизерахи пак јадела хумус од мртви Евреи!“

Откако јавноста се скандализираше и не успеа во оваа реченица да препознае некаква метафора, ништо друго освен говор на омраза, Тричковски напиша коментар под својот статус, со следната содржина:
„Задоволсто ми е кога ќе видам дека македонските пиранчиња, вооружени со ситните заби на својата традиционална глупавост, се препелкаат во мрежата на некој мој статус. Таа малограѓанска пираноманија во настапите со некаква морална поука. Никогаш не би јадел од нивниот хумус. Бљак. Боље мртов него со коронаглупвирус во себе. Марш од мојот ѕид, пичка ви лепа материна глупантропска“.
Македонската асоцијација на новинари, ВМРО-ДПМНЕ и многу поединци го осудија говорот на омраза на Тричковски и побараа реакција на органите на прогонот, додека СДСМ и другите негови поддржувачи засега зачудувачки молчат.
Неофицијално дознаваме дека во текот на утрешниот ден се очекува реакција и на СДСМ и на медиумите во кои Тричковски објавува колумни.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...