Трите премини кон Грција денеска затворени за сите возила

223

Сообраќајот на трите гранични премини кон Грција од денеска е во 24-часовен прекин поради штрајк на грчките цариници. ГП „Меџитлија“ е затворен од ноќеска на полноќ, ГП „Стар Дојран“ од 5 часот, а ГП „Богородица“ е затворен од 7 часот утрово.

Како што соопшти МВР, грчките гранични полициски служби известиле дека поради најавениот штрајк на грчките царински работници во текот на утрешниот ден сообраќајот на граничните премини со оваа соседна земја ќе биде во застој.

Според добиеното известување, на грчкиот дел од премините ќе биде во прекин целокупниот сообраќај за патнички и товарни возила, како и автобуси, а ќе бидат пропуштени патнички возила само во одредени исклучителни, односно итни случаи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...