Трипуновски: Од денеска влегуваме во институциите

Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев во контекст на прераспределбите во МВР изминатите три дена, подвлече дека „е потребен одреден период за согледување на состојбата, по што, за најмногу неколку дена, официјално ќе бидат соопштени за во најголем дел незаконски издадените решенија“.

999

Уште денеска ќе влеземе во институциите, а првата работа што ќе ја направиме ќе биде да ја согледаме состојбата во министерствата директно, внатре за да преземеме чекори кои ќе значат подобро утре за македонските граѓани, изјави дополнителниот заменик-министер за земјоделство, Цветан Трипуновски во Собранието по именувањето на дополнителните заменици министри во техничката Влада.

Според Трипуновски, техничката Влада што беше избрана денеска, нема да направи чуда, ниту ќе може да ги реши, како што рече, напластените проблеми. Заев, истакна Трипуновски, веќе не е премиер, но неговата оставштина на погрешни чекори и политики се уште владее во земјава.

– Нема поголема одговорност од тоа да се служи на граѓаните и да се работи за Република Македонија, особено во време кога државата стагнира, кога назадува и кога е во слепа улица заради сите штетни и погрешни политики. За жал, Македонија денес има криминализирано општество преполно со корупција, недоследности и неправди. Јас и моите колеги ветуваме беспоштедна работа со која ќе обезбедиме волјата на граѓаните да биде изразена на слободни и фер избори. Оваа техничка Влада има за број еден цел да ги заштити волјата на граѓаните, нивните права и слободи – истакна Трипуновски.

Заев е поразен, дополни тој, но неговиот систем треба да се порази на избори.

– Реалноста говори дека во овие моменти се врши масовна партизација во администрацијата, а непотизмот се шири како зараза во Репулика Македонија. Илјадници решенија за прераспределба се изречени во МВР, деградирани се професионалци на сметка на партиски и политички решенија. Потребна е итна борба против криминалот и галопирачката корупција – напомена Трипуновски.

Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев во контекст на прераспределбите во МВР изминатите три дена, подвлече дека „е потребен одреден период за согледување на состојбата, по што, за најмногу неколку дена, официјално ќе бидат соопштени за во најголем дел незаконски издадените решенија“.

 

– Мој приоритет во наредниот период ќе биде организирање мирни, фер и демократски избори. За таа цел ќе бидат преземени широк спектар активности за превенирање евентуални обиди на криминални, насилни и други структури за нарушување на изборниот процес. Дополнително, со оглед дека се работи за сензитивен безбедносен перод, во соработка со меѓународни и други државни институции, ќе бидат преземени активности за стабилизација на државата, заштита на уставниот поредок и безбедноста на граѓаните – потенцира Чулев.

Според дополнителниот заменик-министер за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, граѓаните треба да бидат сигурни дека ниту една исплата нема да оди надвор од рамките на законот.

 

– Се што ќе биде за поткуп на изборни цели, ќе биде стопирано. Ќе работиме само во рамки и согласно законот, ништо надвор од тоа – рече Димитриеска Кочоска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...