Трипуновски до власта: Имате пари за луксузни коктели и јадења, а немате за плати во „Водостопанство“

327

Овој документ кој што е директно признание на власта дека над 500 семејства во АД „Водостопанство“, веќе трет месец немаат земено плата, вели членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски.

– Додека има пари за скапи вина и луксузни коктели и јадења за Николовски, Димковски и нивните сопартијци од СДСМ, директорот Селими ги принудува вработените да потпишуваат Спогодба дека се согласуваат платата за мај месец да им биде исплатена во јули. Да добро слушнавте! 500 вработени во АД Водостопанство ќе ја земат мајската плата во јули! Да не беше трагично ќе беше смешно. Вработените немаат плата и платени придонеси веќе 3 месеци, исто така претпријатието нема основни средства за работа, резервни делови, нафта кои се неопходни за непречено функционирање на истото, и ова е премногу сериозен проблем. Но, повеќе од очигледно е дека власта и понатаму е глува на оваа алармантна ситуација. Меѓу овие 500 вработени има луѓе кои имаат потреба од секојдневна медицинска помош и им е потребно здравствено осигурување, има луѓе кои имаат кредити, а веќе доцнат со исплата на рати, и луѓе кои имаат мали дечиња кои што чекат храна од своите родители – вели Трипуновски.

Тој упати апел до менаџерскиот тим на АД „Водостопанство“ и до министерот Димковски да престанат да прават притисоци и закани врз вработените кои си ги бараат заостанатите плати, а кои што им се чесно и поштено заработени.

– Ова ли е животот што ветувавте на изборите во 2016 година , а денес си играте со човечките судбини на 500 семејства. Господине Заев на овие 500 вработени во АД Водостопанство не можат да скенираат фискални сметки затоа што немаат пари со кои што можат да купат нешто. Овие луѓе ги оставивте без леб, а сега ги принудувате да потпишаат спогодба, со која се штитите од тужби, за крваво заработените пари на работниците. Непроценлива штета трпат и илјадници земјоделци ширум Република Македонија кои чекаат на услугите на блокираното претпријатие. Целосен дебакл. Кој од кој е пооштетен – истакнува Трипуновски и побара одговорност за недомаќинското работење и расипништвото ќе го платите на наредните избори – додава Трипуновски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...