„Трипл-дабл“ со педесет поени за Харден триумфираше над Лејкерс

98

Џејмс Харден беше стрелец на 50 поени во победата на неговиот Хјустон над Лос Анѓелес Лејкерс на првиот дуел одигран ноќта меѓу четврток и петок. „Брадата“ средбата ја заврши со „трипл-дабл“ додавајќи на поените и двоцифрен број скокови и асистенции – 10, односно 11.

Во поразената екипа се истакна Леброн Џејмс со 29 поени, пет скока и четири асистенции.

Резултати од НБА натпреварите одиграни ноќеска:
Хјустон – ЛА Лејкерс 126:111
Сан Антонио – ЛА Клиперс 125:87
Орландо – Чикаго 97:91
Феникс – Далас 99:89.

Во Западната конференција лидер е Денвер со биланс 18-9 (победи-порази), Голкден Стејт има 19-10 Оклахома 17-9, Лејкерс и Клиперс по 17-11,…

На Истокот прв е Торонто со 23-7, Милвоки има 18-9, Филаделфија 19-10, Индијана 18-10.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...