Трипл-дабл за Харден во триумфот над Шангај

60
ФОТО: EPA-MIKE-NELSON

На првиот претсезонски подготвителен натпревар во НБА-лигата, ноќта меќу понеделник и вторник Хјустон го совлада Шангај, со 140:71 (36:14, 41:20, 34:17 и 29:20).

Во победничкиот тим Џејмс  Харден за 21 минута стигна до трипл-дабл ефект, 10 поени, 12 скокови и 17 асистенции.
Центарот Клинт Капела средбата ја заврши со 25 поени и 10 скокови.

Најефикасен играч на средбата беше Донатас Мотејунас од кинескиот клуб со 27 поени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...